Само половина час од вашето слободно време ќе ви биде доволно да потрошите за да го подготвите овој домашен чоколаден ликер, кој ќе ве импресионира со својот префинет вкус. Идеален да го послужите како аператив на пријателите пред да им го сервирате вашиот омилен колач.
Чоколаден ликер
By September 26, 2013
Published:Само половина час од вашето слободно време ќе ви биде доволно да …
Ingredients
- 250 мл слатка павлака
- 750 мл млеко
- 120 г темно чоколадо
- 500 мл рум
- 220 г шеќер
- 2 лажици какао
- 2 кесички ванилин шеќер
- стапче ванила
Instructions
- 1.Слатката павлака ставете ја на тивок оган. Додадете го здробеното темно чоколадо, какаото, шеќерот и ванилиниот шеќер.
- 2.Од ванила стапчето отстранете ги семките и ставете ја во смесата. Ако немате ванила стапче можете да користите и екстракт од ванила. Со постојано мешајте гответе се додека чоколадото не се растопи. Потоа ставете млеко и на појака температура гответе се додека смесата не проврие.
- 3.Смесата оставете ја добро да се олади, а потоа процедете ја и во неа додадете рум. Добиениот ликер префрлете го во шише. Шишето не го полнете целосно бидејќи оладениот ликер ќе станува се погуст. Пред послужување треба да се протресе.
- 4.Овој чоколаден ликер задолжително чувајте го во фрижидер и испијте го во рок од еден месец. Послужете го со дробен лед.