За мераклиите на чоколадо имаме едно екстра пијалоче кое може да се пие во секој период на денот. Освежително, калорично коктелче кое е одлично во моментите кога ви треба екстра енергија, а при тоа имате потреба од нешто чоколадно. На здравје!
Чоколаден милкшејк
By October 12, 2013
Published:За мераклиите на чоколадо имаме едно екстра пијалоче кое може да се пие …
Ingredients
- 1 шолја млеко
- 1 лажица какао
- 1 лажица чоколаден сладолед
- 1 лажица шеќер
- малку чоколаден прелив
- малку чоколадни трошки (за декорација)
Instructions
- 1.Во блендер ставете го млекото, сладоледот, какаото и шеќерот. Убаво изблендирајте.
- 2.Потоа додадете малку чоколаден прелив и повторно измешајте.
- 3.Префлете во убава висока чаша и декорирајте со малку чоколадни трошки. Одозгора по желба можете да ставете уште малку чоколаден сладолед.