Нема ништо подобро од чоколаден десерт. И тоа во комбинација со лешници. Ултимативно задоволство за сите генерации. Мигусто уште еднаш ќе ве стави во искушение да ја прекинете диетата.

Чоколаден пудинг со лешници

Nutini

By Мигусто Published: July 5, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Нема ништо подобро од чоколаден десерт. И тоа во комбинација со лешници. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Слатката павлака и млекото ставете го во сад и загрејте ги до точка на вриење. Тргнете го од оган и ставете го чоколадото. Мешајте се додека не се стопи.
  2. 2.Со миксер, изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете околу 5 минути или се додека не добиете светло-жолта и погуста смеса.
  3. 3.Во смесата со јајцата додавајте од смесата со растопеното чоколадо и мешајте.
  4. 4.Калапите за печење премачкајте ги со путер и наросете ги малку со шеќер во прав. Калапите наполнете ги (до горе) со подготвената смеса.
  5. 5.Загрејте ја рерната на 160 степени. Калапите ставете ги ви подлабок сад за печење, во садот сипете вода (отприлика до пола) и ставете ги да се печат околу 45 минути.
  6. 6.Готовиот пудинг оставете го да се олади. Во меѓувреме, подгответе ја смесата за наросување.
  7. 7.Лешниците искршете ги. Со прсти, измешајте го брашното и шеќерот, додадете на коцки исечкан ладен путер, разронете и додадете ги лешниците и малку сол. Печете ги трошките на хартија за печење, околу 15 минути.
  8. 8.Сервирајте го пудингот, одозгора наросете од печените трошки со лешници и уживајте во овој неповторлив чоколаден вкус.