Еве уште еден фантастичен рецепт од мојата колекција. Совршено прилега на секое непце, а особено на оние кои, како мене, едноставно не можат без секојдневната доза кафе. Уживајте!
Чоколаден ролат со кафе
By February 12, 2013
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 45 mins
Еве уште еден фантастичен рецепт од мојата колекција. Совршено прилега …
Ingredients
- 5 јајца (состојки за тесто)
- 120 г шеќер
- 60 г брашно
- 1 неполна лажичка прашок за пециво
- ½ неполна лажичка сол
- 30 г какао во прав
- 250 г маскарпоне (состојки за фил)
- 50 г шеќер во прав
- 1 лажица нескафе (растворено со 1/2 лажица вода)
- 120 г путер (фил за глазура)
- 200 г шеќер во прав
- 70 мл слатка павлака
- 30 г какао во прав
Instructions
- 1.Вклучете ја рерната на 180 степени, а тавата за печење обложете ја со мрсна хартија за готвење.
- 2.Одвојте ги жолчките од белките. Со миксер, изматете ги жолчките заедно со шеќерот и какаото. Брашното помешајте го со прашокот за пециво и солта и додадете го во смесата.
- 3.Во друг сад, со миксер, добро изматете ги белките со прстофат сол (сол се додава за да се изматат убаво белките). Белките внимателно додајте ги во претходната смеса, притоа мешајќи со дрвена лажица.
- 4.Смесата рамномерно распоредете ја во тавата и печете околу 10 минути. Пандишпанот уште додека е топол свиткајте го во ролат со помош на кујнска карпа и оставете го да се олади.
- 5.Маскарпонето помешајте го со шеќерот во прав и раствореното нескафе. Врз оладениот пандишпан рамномерно распоредете од филот од маскарпоне и повторно завиткајте го ролатот.
- 6.Фил за глазура: Путерот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ја слатката павлака и какаото во прав и матете се додека не добиете фина, компактна смеса.
- 7.Филот рамномерно распоредете го врз ролатот и со помош на нож за филување израмнете ја површината. Ролатот оставете го да се олади и послужете го.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна