Вкус кој ќе ве вознемири….Се разбира во позитивна смисла. Ова е највкусната, најчоколадната торта која досега сме ја направиле и пробале. Права чоколадна делиција. И додека ова го пишуваме, ги дојадуваме последните остатоци. За жал ја снема многу брзо, па изгледа ќе мора да правиме нова тура.

Чоколадна еротика

By Тимот на Мигусто Published: October 30, 2012

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Вкус кој ќе ве вознемири....Се разбира во позитивна смисла. Ова е …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестотото - чоколадо1.Во сад, на пареа, ставете го чоколадото, кафениот шеќер, павлаката и жолчката. Мешајте се додека не добиете фина смеса. Тргнете ја од оган и оставете ја да се олади.
  2. Подотвка на тесттото- путер и брашно2.Во друг сад, со помош на миксер, изматете го путерот со шеќерот се додека добро не се соединат. Додадете едно јајце,брашно и прашок за пециво.
  3. Додавање на млеко и чоколадо3.Во смесата од путер и брашно, додадете ја чоколадната смеса и 120 мл млеко. Мешајте се додека добро не се соединат.
  4. Додавање на белка во смесата4.Настрана, со миксер, изматете ја белката, додадете ја во смесата и со лажица внимателно мешајте се додека состојките не се соединат.
  5. Спремно за печење5.Кружниот плех намачкајте го со путер (или обложете го со мрсна хартија за печење), подготвената смесата префрлете во плехот и печете 40 минути на 180 степени.
  6. Сечење на тестото6.Испеченото и оладено тесто, со помош на конец поставен на средина , пресечете го (конецот влечете го нанапред) на два дела.
  7. Подготовка на фил7.Подгответе го филот: чоколадото растопете го во микро или на пареа. Жолчките изматете ги со путер и шеќер. Ставете ги во сад и на пареа варете ги неколку минути. Накрај додадете го и растопеното чоколадо.
  8. Финисирање на тортата - Фил8.½ од тестото здробете го и измешајте го со претходно подготвениот фил. Вака подготвениот фил истурете го врз другата половина тесто. (Наједноставно е пандишпанот да го вратите во калапот). Филот израмнете го со лажица.
  9. Прелив врз торта9.Накрај, подгответе го и чоколадниот прелив. Во сад, на оган, ставете 150 мл слатка павлака и 1 темно чоколадо. Мешајте се додека не се растопи чоколадото и филот прелијте го врз тортата.
  10. Сервирана торта10. Оставете ја торта во фрижидер барем неколку часа за филот добро да се стегне. По час или два (во нашиот случај многу помалку :)), спремна е за дегустација.