За да ја подготвите оваа фантастична торта ќе ви бидат потребни неколку битни состојки, млечно чоколадо кое ви е омилено и не толку многу време како за подготовка на тортите кои се печат. Резултат…. лесна чоколадна торта кои и на најпребирливите им е омилена…
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Чоколадна непечена торта
By January 23, 2014
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 40 mins
За да ја подготвите оваа фантастична торта ќе ви бидат потребни неколку …
Ingredients
- 1 л млеко
- 2 кесички пудинг од чоколадо
- 1 кесичка пудингод ванила
- 6 лажици шеќер
- 200 г млечна чоколадо (темно)
- 100 г млечна бела чоколада
- 2 кесички желатин во прав
- 500 г слатка павлака (хопла и сл.)
- 200 г мелени бисквити
- 70 г путер (растопен)
- 70 мл вода
- 70 г шеќер
- 100-200 г чоколадни бонбони (за декорација)
Instructions
- 1.Калапот за торта (ние користевме округли калап со ширина од 24 сантиметри)намачкајте го со путер и обложете го со мрсна хартија за печење. Не заборавајте да ги обложите и страничните делови.
- 2.Путерот растопете го заедно со шеќерот и водата и додадете ги мелените бисквити. Добиената смеса распоредете ја на дното на калапот.
- 3.Подгответе ги пудинзите. Во сад, на оган, ставете малку помалку од 2/3 од млекото (600 мл млеко) и оставете го да зоврие. Настрана, двата чоколадни пудинзи изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 4 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го чоколадниот пудинг, двете млечни темни чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса. Пудингот тргнете го настрана и покријте го проѕирна фолија.
- 4.Од остатокот млеко тргнете 60 мл и зовријте го. Пудингот од ванила изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 2 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го пудингот и една млечна бела чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса.
- 5.Во сад со вода (околу 70-80 мл вода) растворете ги двете кесички желатин, а потоа садот ставете го во топла вода и мешајте се додека желатинот не се растопи. 2/3 од желатинот ставете во темната смеса и добро промешајте, а 1/3 во белата смеса.
- 6.Со миксер, изматете 500 мл слатка павлака. 1/3 од слатката павлака ставете во темната смеса, 1/3 во белата смеса, а остатокот тргнете го настрана кој ќе служи за украсување.
- 7.Пудингот од темно чоколадо истурете го врз бисквитите, израмнете и врз него истурете го пудингот од бело чоколадо. Тортата оставете ја во фрижидер околу 1 до 2 часа или се додека не се стврдне.
- 8.Оладената торта премачкајте ја со остатокот од изматената слатка и павлака и украсете со чоколадни бонбони. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна