Зарем некој може да одолее на вкусот на чоколадо во било која форма и варијанта. За афродизијак дејставата на чоколадото во некоја друга прилика, а сега засега направете ја оваа чоколадна пита ала Џејми Оливер.

Чоколадна пита

By А.А. Published: November 16, 2015

    Зарем некој може да одолее на вкусот на чоколадо во било која форма и …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во пластичен сад се меша путерот заедно со шеќер и малку сол. Се додава брашното и жолчките. За да се соедини смесата се додава и млеко.
    2. 2.Тестот о се размесуваме, но се внимава премногу да не го измеси. Целта е да се измеси тестото со што помалку мешања (за да не се добие еластично тесто кое при печење ќе се стврдне и ќе стане жилаво наместо ронливо).
    3. 3.Добиеното тесто се замотува во проѕирна фолија и се остава 1 час во ладилник.
    4. 4.Се пече на 180 степени, 12-тина минути (тестото е испечено до пола).
    5. 5.На пареа се растопува чоколадото заедно со какаото во прав и малку сол.
    6. 6.Во друг поголем сад се матат јајцата, па се додава медот и слатката павлака. Потоа се додава и растопеното чоколадо.
    7. 7.Оваа смеса се излива на полупеченото тесто и повторно се пече околу 40 до 45 минути на 150 степени.
    8. 8.Кога е питата печена, се остава да се олади 45 минути.