Зарем има поубав роденденски подарок од чоколадна торта направена со многу љубов. Валентина Крстевска оваа торта ја подготви специјално за педесетиот роденден на својот сопруг. Вања се надева дека тортава ќе им се допадне на сите љубители на темните чоколади. Ние во тоа сме сигурни 🙂
Чоколадна роденденска торта Recipe
By September 26, 2015
Published:Зарем има поубав роденденски подарок од чоколадна торта направена со …
Ingredients
- 200 мл вода (прв дел од кремот)
- 150 г шеќер (прв дел од кремот)
- 100 г какао (прв дел од кремот)
- 50 г маргарин (прв дел од кремот)
- 100 г темно чоколадо (прв дел од кремот)
- 12 жолчки(л големина јајце) (втор дел од кремот)
- 150 г шеќер во прав (втор дел од кремот)
- 3 кутивчиња ванила кристали (втор дел од кремот)
- 250 г путер (втор дел од кремот)
- 125 г шеќер во прав (втор дел од кремот)
- 12 белки (за бисквитот)
- прстофат сол (за бисквитот)
- 10 лажици шеќер (за бисквитот)
- 200 г мелени лешници ( не многу ситно) (за бисквитот)
- 2 кутивчиња ванила кристали (за бисквитот)
- 4 полни лажици од претходно подготвениот прв дел од кремот (за бисквитот)
- 30 г темно чоколадо (за декорација)
Instructions
- 1.Најпрвин, го подготвуваме кремот. За првиот дел од кремот: Се зоврива шеќерот со водата, садот се тргнува од оган и во ова се додава какаото, чоколадото искршено на коцки и маргаринот.Се меша додека не се добие изедначена смеса, од неа се одвојува 4 полни лажици, па се остава да се лади, но повремено се промешува да не се дозволи да се создаде коричка на површината.
- 2.За вториот дел од кремот: Се подготвуваат 2 метални сада погодни да се вклопат еден во друг, т.е. во едниот да може да врие вода, а во помалиот да се матат жолчките над пареа. Во помалиот сад се матат жолчките и откако ќе добијат бледо жолта боја постепено се додава шеќерот. Потоа се продолжува со матењето, но сега над пареа, се додека смесата не се згусне (кога по дното ќе се помине со лажица, треба да остане трага). Не смее да се претера со матењето,зошто тогаш ќе се кристализира шеќерот и кремот ќе стане крцкав. Се остава да се олади.
- 3.Во друг сад се мати путерот со 125 гр.шеќер во прав. Во оваа смеса, постепено, лажица по лажица, се додава оладениот крем од жолчките. На крајот, се додава постепено и првиот дел од кремот и смесата се мати додека не се изедначи, а потоа се остава во фрижидер за малку да се стегне.
- 4.За бисквитот: Се матат белките со солта во цврст цнег. Постепено се додава од шеќерот и се мати додека се е изедначени и зацврсне смесата. Потоа, со помош на лажица или силиконска шпатула, внимателно и нежно се вмешува одвоениот дел од кремот (оние 4 полни лажици), ванилата и мелените лешници. Смесата се излива на плех од рерната покриен САМО на дното со хартија за печење и се пече во рерна претходно загреана на 180 степени околу 15 минути, после што се исклучува рерната и плехот се остава внатре уште 10-15 минути. Напомена: доколку хартијата ги зафати и ѕидовите на тавата, бисквитот добива неубава форма и димензија и непогоден е за сечење во правилни ленти.
- 5.Оладениот бисквит се сече на 3 ленти. Се поставува првата лента на садот во кој ќе се постави тортата и се премачкува со 4 полни лажици од кремот.Ова се повторува и со втората лента, а откако ќе се постави и третата лента се излива целиот крем и тортата се премачкува од сите страни. На крајот, се украсува со крупно рендано темно чоколадо.
- 6.Препораки: какаото кое јас го користам е навистина квалитетно, и едно од најефтините кои ми се познати, а го купувам на мерење. Чоколадото (од марката на буквата Г ) е од оној наш маркет на буквата К, малку поскапо од оние за готвење, а далеку поефтино од сите темни чоколади, но најважно е дека дава преубав вкус во оваа торта. Со оглед на цените на јаткастите плодови во последниве години, за тортава најчесто употребувам бадеми, а набргу ќе испробам и варијанта со кокос или мелени гранола барс. 😉