Чоколадо со мелени бисквити и микс од јаткасти плодови и сево ова со арома на рум. Како ви се чини овој мој денешен предлог за десерт. Мерак за сите сетила. Добар апетит.
Чоколадна салама
By September 13, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Чоколадо со мелени бисквити и микс од јаткасти плодови и сево ова со …
Ingredients
- 200 г темно чоколадо
- 90 г путер
- 2 лажици мед
- 250 г бисквити
- 50 г микс од јаткасти плодови
- малку рум
Instructions
1.Чоколадото, со помош на нож, исечкајте го на не многу ситни парченца.
2.Ставете ги бисквитите во кеса и со помош на сукало, притиснете ги неколку пати. На овој начин добивате нерамномерно искршени бисквити.
3.На пареа, растопете го путерот заедно со медот.
4.Во садот додадете го и искршеното чоколадо, садот тргнете го од оган и мешајќи оставете чоколадото да се растопи.
5.Додадете го миксот од јаткасти плодови (исечкани на парченца) и искршените бисквити. По желба додадете малку рум.
6.Целата смеса префрлете ја врз мрсна хартија за готвење и тркалајте ја се додека не добиете цилиндрична форма (слична на салама).
7.Врзете ги двата краја (слично како кај бонбоните) и оставете го фрижидер се до послужување.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна