Иако во нашиот домашен кувар имаме повеќе рецепти за чоколадни торти, дефинитивно ова е нашата омилена која и најчесто ја правиме. Приказната како се најде во нашиот нотес е многу интересна. Ана, за прв пат ја пробала оваа торта на нејзина 8 годишна возраст на роденден кај една од нејзините најдобри другарки од детство Милка со која заедно учеле во основно училиште.

Многу брзо потоа мама Лиле, го побарала рецептот од мајка и на Милка и од тогаш е запишан во специјална графа подвлечен со дебели букви. Како што кажува Ана, со години наназад оваа торта задолжително се правела за секој нејзин роденден.

Од тогаш рецептот воопшто не е менуван бидејќи некои работи кога се едноставно совршени не треба да се модификуваат. Богата на вкус, исклучително кремаста, сочна и многу чоколадна оваа торта нуди неповторливо задоволство со секое залаче кое ќе го вкусите.

Ја препорачуваме на сите прави чоко зависници, кои не бројат калории, затоа што останатите верувајте ќе имаат грижа на совест. Во неа има 8 јајца и 300 грама чоколадо. Комбинација која не е баш препорачлива за оние кои внимаваат на линијата, нели?

Ние не сме едни од нив па затоа, денес решивме да ја направиме и да го споделиме рецептот со вас и со неа да се почестиме за новогодишните и божиќните празници. Бидејќи приликата е на некој начин посебна решивме со Ана да се потрудиме уште малку повеќе и затоа ја декориравме тортата со фондан за да биде уште поинтересна и впечатлива. И не погрешивме.

Нашиот екстра труд и време потрошено во кујна се исплатеше. Особено затоа што Ана обожава да си игра со фондан со кој ја искажува целата своја креативност и имагинација. Ние сме презадоволни од финалниот производ кој може да го видите на фотографиите.

Го добивме тој совршен спој на естетика и вкус и затоа не можевме да останеме прибрани и рамнодушни и мораме да ви признаеме дека веднаш изедеме едно парче. На овој сладок грев веруваме дека никој нема да ни замери. Кога станува збор за оваа чоколадна торта знаеме дека ни е простено.

Чоколадна торта


Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Состојки:

Пандишпан (x3)

  •  3 белки
  • 3 големи лажици шеќер
  • 1 голема лажица масло
  • 2 големи лажици лебни трошки
  • 1 голема лажица брашно
  • 1 голема лажици какао во прав
  • 1 лажиче прашок за пециво

Фил:

  • 9 жолчки
  • 200 грама шеќер
  • 100 мл млеко
  • 250 грама чоколадо
  • 250 гр путер

Подготовка:

Фил.

  1. Во сад, изматете ги жолчките заедно со шеќерот; додадете млеко и измешајте.
  2. Ставете го садот врз сад полн со вода. Гответе го филот на пареа, мешајќи додека смесата не стане или околу 15-тина минути.
  3.  Тргнете го од оган, додадете чоколадо и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Филот покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се излади целосно.
  4. Со миксер изматете го путерот, додадете го чоколадниот крем и матете се додека не добиете еднолична смеса.

Пандишпан.

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Калапот за печење торта (20 цм) обложете го со хартија за печење.
  2. Во сад, просејте го брашното и измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете и лебни трошки и се измешајте.
  3. Изматете ги белките заедно со шеќерот во густ шлаг. Додадете масло и брашно и со помош на шпатула, внимателно мешајте се додека не добиете фина смеса .
  4. Истурете ја смесата во калапот за печење и печете околу 10-12 минути.
  5. Извадете го пандишпанот од рерната, отстранете ја  хартијата за печење и оставете да се олади.
  6. Повторете го процесот и испечете вториот и третиот пандишпан.

Редење на тортата.

  1. Во мал сад, тргнете 3-4 лажици од филот за тората.
  2. На чинија, ставете еден пандишпан и премачкајте половина од филот за торта. Ставете го вториот пандишпан и премачкајте го со остатокот од филот торта. Завршете со третиот пандишпан.
  3. Тортата рамномерно премачкајте ја со неколкуте лажици фил кои претходно ги тргнавте настрана.
  4. Оставете да се олади и стврдне филот, украсете со фондан и послужете ја.

Чоколадна торта

Чоколадна торта
Write a review
Принт
Време на подготовка
40 min
Време на готвење
30 min
Време на подготовка
40 min
Време на готвење
30 min
Состојки
  1. Пандишпан (x3)
  2. 3 белки
  3. 3 големи лажици шеќер
  4. 1 голема лажица масло
  5. 2 големи лажици лебни трошки
  6. 1 голема лажица брашно
  7. 1 голема лажици какао во прав
  8. 1 лажиче прашок за пециво
Фил
  1. 9 жолчки
  2. 200 грама шеќер
  3. 100 мл млеко
  4. 250 грама чоколадо
  5. 250 гр путер
Подготовка
  1. Фил.
  2. Во сад, изматете ги жолчките заедно со шеќерот; додадете млеко и измешајте.
  3. Ставете го садот врз сад полн со вода. Гответе го филот на пареа, мешајќи додека смесата не стане или околу 15-тина минути.
  4. Тргнете го од оган, додадете чоколадо и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Филот покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се излади целосно.
  5. Со миксер изматете го путерот, додадете го чоколадниот крем и матете се додека не добиете еднолична смеса.
  6. Пандишпан.
  7. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Калапот за печење торта (20 цм) обложете го со хартија за печење.
  8. Во сад, просејте го брашното и измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете и лебни трошки и се измешајте.
  9. Изматете ги белките заедно со шеќерот во густ шлаг. Додадете масло и брашно и со помош на шпатула, внимателно мешајте се додека не добиете фина смеса .
  10. Истурете ја смесата во калапот за печење и печете околу 10-12 минути.
  11. Извадете го пандишпанот од рерната, отстранете ја хартијата за печење и оставете да се олади.
  12. Повторете го процесот и испечете вториот и третиот пандишпан.
  13. Редење на тортата.
  14. Во мал сад, тргнете 3-4 лажици од филот за тората.
  15. На чинија, ставете еден пандишпан и премачкајте половина од филот за торта. Ставете го вториот пандишпан и премачкајте го со остатокот од филот торта. Завршете со третиот пандишпан.
  16. Тортата рамномерно премачкајте ја со неколкуте лажици фил кои претходно ги тргнавте настрана.
  17. Оставете да се олади и стврдне филот, украсете со фондан и послужете ја.
Забелешка
  1. Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите!
MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! http://migusto.mk/
Чоколадна торта