Оваа торта ја правевме специјално и според желбите на нашиот славеник. Требаше да има само чоколадо, путер, и јајца. Секако, мелените лешници ги додадовме  затоа што едноставно не можевме да одолееме, ама тортата со нив беше повеќе од полн погодок. И најважно од се, славеникот беше мнооооогу задоволен. Среќен роденден Вања, уште еднаш :)

Чоколадна торта „Вања“

By Мигусто Published: October 3, 2013

    Оваа торта ја правевме специјално и според желбите на нашиот славеник. …

    Ingredients

    Instructions

    1. Додавање на какао во белките1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете 6 белки во цврст снег заедно со 225 г шеќер. Потоа во смесата додадете 1,5 лажица какао и добро измешајте.
    2. Додавање на мелени лешници2.Потоа додадете 225 г крупно мелени лешници или бадеми и измешајте.
    3. Истурена смеса во калап за печење3.Истурете ја смесата во калап за печење намачкан со масло и обложен со хартија за печење и печете во загреаната рерна 20-25 минути (проверете со чепкалка дали тестото е готово). Оставете го да се олади, а потоа направете уште една иста таква кора.
    4. Чоколаден фил4.Жолчките добро изматете ги со 12 супени лажици шеќер, а потоа варете ги на пареа додека не се згуснат добро. Кога ќе се згуснат, додадете го чоколадото и мешајте додека не се стопи, и на крајот додадете го путерот. Мешајте додека не добиете компактна крема, а потоа оставете ја да се олади добро во фрижидер (барем 2 часа).
    5. IMG_96575.Испечените и оладени кори исечете ги со конец на половина. Поставете една кора на сталакот за торти и испрскајте ја добро со 3-4 супени лажици млеко во кое сте го измешале ликерот.
    6. IMG_96646.Поделете го филот на 4 дела, од кои едниот малку поголем од другите. Намачкајте ја кората со фил, а потоа ставете уште една кора, повторно попрскајте со млеко и намачкајте со фил.
    7. IMG_96787.Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори. На крајот, намачкајте ја целата торта одозгора и одоколу со фил.
    8. Чоколадена торта „Вања“8.Изрендајте ги 50 г чоколадо крупно на ренде и испрскајте ја целата торта одозгора и одоколу. Оставете ја фрижидер да отстои минимум неколку часа пред да ја послужите.