Секој кој имал прилика да ја проба оваа торта, искоментирал дека оваа една од највкусните кои досега ги вкусил. Веднаш следува она стандардното дај рецепт и слично.На сите љубители на чоколадо им ја препорачувам оваа едноставна за подготвување, чоко торта која мами да ја лапнете цела.
Чоколадна торта
By November 7, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Секој кој имал прилика да ја проба оваа торта, искоментирал дека оваа …
Ingredients
- 250 г темно чоколадо
- 250 г путер
- 110 г шеќер во прав
- 4 мл ликер од чоколадо
- 5 јајца
- 250 вода (за прелив)
- 125 какао во прав (за прелив)
- 125 шеќер во прав (за прелив)
Instructions
1.ВО сад, на пареа, растопете го чоколадото заедно со путерот и шеќерот. Додадете го и чоколадниот ликер.
2.Во друг сад, со помош на миксер изматете ги јацата.
3.Изматените јајца додадете ги во смесата со чоколадото и со дрвена лажица промешајте.
4.Округлиот садот за готвење, на кој му се отстрануваат страните, завиткајте го во алуминиумска фолија. Дното обложете го со мрсна хартија.
5.Смесата претурете ја во округлиот сад. Садот ставете го во подлабок плех за печење во кој сте истуриле неколку чаши вода и печете 30 минути на 180 степени.
6.Во сад, измешајте ја водата заедно со какаото и шеќерот во прав. Оставете да зоврие, па со топлиот сируп прелијте ја тортата. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна