Ова е мојот најнов фаворит. Колаче со трите мои омилени состојки. Чоколадо, кокос и бадем. Единствен проблем е што просто не можам да му одолеам, па затоа откога ќе го направам обавезно ги викам другарките на кафе, зошто инаку отиде целиот плех :)

Чоко кокос бадем колаче

By A.A.З. Published: April 13, 2014

    Ова е мојот најнов фаворит. Колаче со трите мои омилени состојки. …

    Ingredients

    Instructions

    1. Бадеми печени и сечкани1.Распоредете ги бадемите во тава за печење и ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени. Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исечкајте ги или издробете ги во блендер.
    2. Чоко кокос бадем смеса2.Во поголем пластичен сад за готвење додадете го какаото, шеќерот и солта. Мешајќи додадете ги јајцата и ванилата. Мешајте се додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги бадемите, кокосовите трошки и ренданото чоколадо.
    3. Чоко кокос бадем смеса на фолија за печење3.Тава за печење обложете ја со хартија за готвење. Со помош на голема лажица вадете од смесата топчиња и ставете ги на хартијата за печење.
    4. Чоко кокос бадем - Испечен4.Печете на 180 степени околу 15 минути се додека не добиете сјајна и распукана површина. Готовите печени колачиња тргнете ги настрана и оставете ги да се оладат за да можете да ги сервирате.