Ако сте љубител на чоколадцата со мента од типот “After Eight”, тогаш сигурно ќе го обожавате и ова рецептче. Овие колачиња се едноставни и брзи за правење, а вкусот им е повеќе од прекрасен. На здравје!
Чоколадни бомбони со ментол
By January 30, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 30 mins
Ако сте љубител на чоколадцата со мента од типот "After Eight", тогаш сигурно ќе …
Ingredients
- 25 чоколадца со ментол
- 120 г путер
- 120 г шеќер
- 60 г темно чоколадо
- 2 јајца
- 100 г брашно
- 1/4 кафена лажичка екстракт од мента
- 1 супена лажица путер
- 30 г иисечкано темно чоколадо
Instructions
1.Вклучете ја рерната да се загрева на 170 степени. Со миксер убаво измешајте го путерот со шеќерот, а откако ќе се изматат додадете го прво едното, па потоа и другото јајце.
2.Темното чоколадо растопете го на пареа или во микробранова печка, а потоа додадете 8 цели чоколадца со мента и мешајте додека и тие не се растопат.
3.Во смесата со путерот прво додадете го брашното и екстрактот од мента, добро измиксирајте, а потоа додадете го и растопеното чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи.
4.Тавчето за мафини намастете го малку со путер или масло, а потоа со лажица ставете од смесата во секое калапче.Печете ги колачињата 13 до 15 минути или додека не се испечат добро (проверете со чепкалка). Извадете ги од калапчињата и оставете ги да се оладат.
5.Подгответе го филот. Ставете 20-тина чоколадца со мента да се растопат заедно со лажица путер. Потоа додадете уште 30 г ситно исечкано темно чоколадо.
6.Промешајте добро и врз секое колаче сипете по малку од филот, или едноставно потопете ги колачињата во него. Одозгора испрскајте малку ситно исечкани чоколадца со мента и оставете ги да се оладат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна