Наместо класична чоколадна торта решивме да направиме нешто поинакво. Чоколадни колачиња во форма на елкички. Убаво е понекогаш да се експериментира во кујна. Погледнете го резултатот и ќе се уверите дека не погрешивме. 🙂
Чоколадни елкички
By September 3, 2012
Published:Наместо класична чоколадна торта решивме да направиме нешто поинакво. …
Ingredients
- 150 г чоколадо за готвење
- 2 лажици какао
- 50 мл млеко
- 120 г путер (омекнат)
- 120 г шеќер во прав
- 3 лажици презла
- 1 1/2 лажица брашно
- 1/2 пакетче прашок за пециво
- 4 лажици шеќер
Instructions
1.Во сад за готвење растопете го чоколадото, млекото и какаото. Оставете го да се олади. Во пластичен сад изматете го путерот со шеќерот во прав, постепено додавајте четири жолчки, а потоа ствете го оладениот фил од чоколадо.
2.Во друг сад изматете ги белките со четири лажици шеќер. Откако белки ќе се изматат постепено додадете го брашното, презлата и прашокот за пециво.
3.Во смесата од белки додате две лажици од смесата со чоколадо, нежно промешајте. Наполнете ги модлите за печење кои предходно сте ги премачкале со путер. Печете 15 мин. на 200 степени.
4.Испечените колачиња филувајте ги со филот од чоколадо. Најлесно е ако користите готварски шприц. Чувајте ги во фрижидер и послужете ги непосредно пред дегустација. Бон апетит.