Уште еден рецепт за супер лесни и брзи колачиња со цели парчиња чоколадо. Одлични се какви што се, а дозволуваат и малку да си поиграте и да бидете креативни, така што слободно додадете малку сушени брусници или суво грозје во нив. Мммммм!
Чоколадни колачи
By March 7, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 13 mins
- Ready In: 28 mins
Уште еден рецепт за супер лесни и брзи колачиња со цели парчиња чоколадо. …
Ingredients
- 150 г чоколадо за готвење
- 110 г путер
- 2 јајца
- 270 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 125 г брашно
- 55 г какао
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1/2 кафена лажичка сода бикарбона
- 300 г чоколадо (исечкано на парчиња)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 165 степени. Во подалбок сад измешјате го брашното со какаото, солта и содата.
- 2.Во сад над пареа растопете ги заедно путерот и 150 г чоколадо. Кога ќе се растопат, тргнете ги настрана и додадете го ванилиниот шеќер или екстракт од ванила.
- 3.Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не стане светла и воздушеста. Додадете ги растопениот путер и чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи.
- 4.Потоа додадете ја смесата со брашното и добро измешајте. На крајот додадете ги парчињата чоколадо.
- 5.Ставајте по половина лажица од смесата во тавче врз хартија за печење, но оставете простор меѓу колачињата, бидејќи ќе се разлеат при печење.
- 6.Печете точно 13 минути. Колачињата не треба да се препечени бидејќи на тој начин внатрешноста ќе им остане мека. Оставете ги да се оладат, а потоа само уживајте.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна