Сезоната за кајсии полека започнува, а тоа значи дека периодов малку повеќе ќе се фокусираме на кајсиите и на фантастичните десерти со кајсии на кои чекаме еве веќе цела година. За добар почеток, пробајте ги овие чоколадни корпички со кајсии.
Чоколадни корпички со кајсии
By July 7, 2013
Published:Сезоната за кајсии полека започнува, а тоа значи дека периодов малку …
Ingredients
- 4 супени лажици бело брашно
- 4 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици какао
- 2 јајца (поголеми)
- 50 гр чоколадо за готвење (исечкано на помали парчиња)
- 20 гр путер (несолен)
- 120 мл јогурт
- 1 ванилин шеќер
- 3 свежи кајсии
- 6 супени лажици мед
Instructions
- 1.Во подлабок сад измешајте го брашното, какаото и шеќерот.
- 2.Во друг сад изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер и путерот, а потоа додадете го јогуртот и мешајте со дрвена лажица или со маталка за јајца додека смесата не се изедначи.
- 3.Истурете ја смесата со јајца во садот со брашно, какао и шеќер, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. На крајот додадете ги парчињата чоколадо и повторно промешајте.
- 4.Со путер или маргарин убаво намастете 6 модли за мафини.
- 5.Поделете ја смесата во модлите (наполнете ги скоро до врв, така да остане уште околу 5 мм од ивицата), а потоа во секоја модла врз смесата ставете по половинка кајсија (со средината свртена нагоре).
- 6.Печете ги околу 25 минути на 200 степени во загреана рерна.
- 7.Кога малку ќе се подоладат, а додека се сеуште топли колачињата, со нож нежно поминете околу страните на модлата (нема потреба од ова ако печете во силиконски модли) и внимателно извадете ги корпичките.
- 8.Врз секоја корпичка истурете по една супена лажица мед (полна) и послужете ги топли или на собна температура.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна