Мафини може да се направат на илјада и еден начин, но секогаш проверена опција е со парчиња чоколадо. Нема некој кој ќе најде мана на ваков десерт. Затоа еве една брза и едноставна рецепта за поготвување на превкусни чоко залачиња.

Чоколадни мафини

By Гастронаут Published: November 20, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 35 mins

Мафини може да се направат на илјада и еден начин, но секогаш проверена …

Ingredients

Instructions

  1. Какао, брашно, шеќер и прашок за пециво1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад ставете го брашното, шеќерот, какаото и прашакот за пециво. Измешајте.
  2. Додадено чоколадо2.Искршете го чоколадото на парченца, ставете ги во садот и повторно промешајте.
  3. Матење3.Со миксер изматете го јајцето со млекото и омекнатиот путер исечкан на парченца.
  4. Мешање на двете смеси4.Со дрвена или силиконска лажица двете смеси добро измешајте за да добите фина еднолична смеса.
  5. Наполнети модли5.Внимателно наполнете ги модлите кои предходно ќе ги обложите со хартија за печење.
  6. Готови мафини6.Печете од 20 до 25 минути. Оставете ги мафините пет минути да се оладат, а потоа се спремни за дегустација.