Лесни, брзи и најнормално и ненормално вкусни… Невообичен вкус кој го дава рогачевото брашно ке доведат до тоа да бидат омилени на оние кои го обожаваат рогачевото брашно…
Чоколадни рогач бомбици
By March 2, 2013
Published:Лесни, брзи и најнормално и ненормално вкусни... Невообичен вкус кој го …
Ingredients
- 100 мл слатка павлака
- 1 лажичка рендана кора од портокал
- 200 г чоколадо за готвење
- 150 г маргарин
- 1 лажица мед
- 2-3 лажици брашно од рогач
- 120 г суви смокви
- 30 г бадеми
- 30 г рогачево брашно (за валкање)
Instructions
- 1.Загрејта ја до вриење павлаката заедно со рендана кора од портокал, тргнете го садот, поклопете и оставете околу 5 мин,. да мирува како би кората пуштила својата арома.
- 2.Чоколадата ситно исекцкајте ја за да се после лесно стопи.
- 3.Слатката павлака повторно загрејте ја до точка на вриење и прелијте ја преку чоколадата или наједноставно - тргнете го садот и додајте во врелата павлака чоколадата, на собна температура веќе омекнатиот маргарин, медот и 2-3 лажици брашно од рогачот. Измешајте ја оваа смеса до нејзина хомогеност. Додадете ги ситно сецканите смокви и бадемите, повторно измешајте. Покријте го садот и оставете да се излади и да се стегни смесата, околу 2 часа.
- 4.Кога смесата веќе е оладена добро и се овозможува да се прават топчиња, со лажичка црпете од смесата и оформете ги топчињата, а потоа валкајте ги во брашното.
- 5.Забелешка: доколку во моментот немате бадем, слободно ставете ореви, нема некоја битна разлика во вкусот.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна