Ролат полн со парчиња чоколадо. Двојно задоволство на кое е тешко да му одолеете. Дури и оние кои внимаваат на линијата изгледа ќе мора да го прекршат својот кодекс. А, за гурманите секогаш препорачуваме доза х2. Нека има, за секој случај!

Чоколадни ролнички

By Тетка Биберче Published: December 17, 2012

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Ролат полн со парчиња чоколадо. Двојно задоволство на кое е тешко да му …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Во пластичен сад измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта. Додајте го путерот па потоа и млекото и месете се додека не добиете убава компактна, мазна смеса.
  2. Путер и шеќер2.На набрашнета површина, тестото исукајте го во форма на правоаголник со дебелина од 3 до 4 милиметри. Одозгора намачкајте со растопениот путер и наросете со шеќер.
  3. Исечкано чоколадо3.Црното чоколадо, со остар нож, исечкајте го на парченца и распоредете го подеднакво врз расуканото тесто.
  4. Ролнички4.Свиткајте го тестото во форма на ролат и пресечете го со дебелина од 3 до 4 сантиметри.
  5. Испечени ролнички5.Ставете ги на тава за печење обложена со мрсна хартија. Печете ги во загреана рерна, на 200 степени околу 18 до 10 минути. Оставете ги малку да се оладат и послужете ги.