Чоколадо во било која прилика, варијанта и агрегатна состојба. Затоа за вас направив превкусни топчиња со шмек на кафе и арома на ванила и рум. Совршен спој на вкусови и мириси. Уживајте.

Чоколадни топчиња

By Гастронаут Published: April 3, 2013

  • Prep: 15 mins

Чоколадо во било која прилика, варијанта и агрегатна состојба. Затоа за …

Ingredients

Instructions

  1. Подготвени состојки1.Бисквитите измелете ги. Чоколадото искршете го на парченца, а путерот исечете го на коцкички. Подгответе го кафето.
  2. Топење на чоколадото2.На тивок оган ставете го чоколадото да се растопи. Додадете го кафето. Со постојано мешање ставајте ги парченцата путер. Додадете го екстрактот од ванила и рум.
  3. Додавање бисквити3.Кога целата смеса убаво ќе се соедини, а путерот ќе се растопи, ставете ги мелените бисквити. Промешајте за да добиете фина хомогена смеса.
  4. Готов пудинг4.Пудингот префрлете го во сад и ставете го во фрижидер добро да се олади и стегне. (најдобро е преќу цела ноќ)
  5. Вадење топчиња5.Од пудингот со лажица за сладолед извадете топчиња. Ако има потреба со раце дообликувајте убаво топче.
  6. Чоколадни топчиња6.Топчињата извалкајте ги во какао или пак со шеќер во прав. Послужете заедно со шолја кафе. Добар апетит.