Еве нешто старо и македонско за утрешниот ручек. Сигурни сме дека знаете и други начини за приготвување на чомлек (би сакале да ги чуеме и видиме, секако), но ова е нашиот, и верувајте ни, фантастичен е.
Чомлек
By May 9, 2013
Published:Еве нешто старо и македонско за утрешниот ручек. Сигурни сме дека знаете …
Ingredients
- 1 кг телешко месо
- 1 кг кромид (мали главици)
- 4 чешниња лук
- 250 мл бело вино
- малку свеж магдонос
- 2 ловорови ливчиња
- малку масло за готвење
- малку сол
- малку церн пипер
Instructions
- 1.Исчете го месото на мали коцки (со големина колку главичките кромид), посипете го со вегета, и оставете го да отстои неколку часа (најдобро преку ноќ).
- 2.Во подлабоко тавче ставете го кромидот (цели главички), лукот исечкан на мали парчиња и месото, зачинете со малку сол и црн пипер и убаво промешајте.
- 3.Додадете го и магдоносот исечкан ситно и ловоровите ливчиња, а потоа ставете го и виното и уште еднаш промешајте.
- 4.Поклопете го тавчето со капак или убаво затворете го со алуминиумска фолија и печете на 180 степени околу два часа.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна