Одлично предјадење за вистинските сладокусци. Едноставна е за правење, а дава посебен шмек на секое јадење со месо, особено ако се работи за нешто потешко, како свинско печење.
Чорба од домати
By October 4, 2012
Published:Одлично предјадење за вистинските сладокусци. Едноставна е за правење, а …
Ingredients
- 3 зрели домати (поголеми)
- 150 мл вода
- 850 мл бујон од зеленчук (коцка)
- 2 супени лажици путер
- 1/2 кафена лажичка сол
- малку фиде за супа
- малку црн пипер
- малку свеж магдонос (ситно исечкан)
Instructions
- 1.Доматите ставете ги во врела вода околу 1 минута, потоа излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Ставете ги парчињата во 150 мл ладна вода и почекајте да зоврие, а потоа варете уште 10 минути.
- 2.Испасирајте ги сварените домати, а потоа исцедете ја водата заедно со доматите (притискајте со лажица во цедалката) за да добиете убаво пире.
- 3.Во меѓувреме, ставете го бујонот од зеленчук да се свари (можете и сами да ставите вода да се вари со различен зеленчук кој потоа ќе го испасирате).
- 4.Кога ќе зоврие бујонот, додадете го фидето и претходно направеното доматно пире и варете се заедно додека тестенината не омекне, односно околу 6-8 минути.
- 5.Во посебен сад растопете го путерот и измешајте го со ситно исечканиот магдонос.
- 6.Додадете го путерот во чорбата, промешајте и послужете. Како украс, можете да ставите неколку ливчиња свеж магдонос или некој друг зачин.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна