Интензивната боја на какаото и вкусот на нескафето го прават овој колач едноставно кажано совршен. Вистинско интимно уживање во секој момент додека го јадете. Звучи ли примамливо? Или верувајте ни на збор или веднаш подгответе го.
Црн колач со нескафе
By January 9, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 60 mins
Интензивната боја на какаото и вкусот на нескафето го прават овој колач …
Ingredients
- 180 г шеќер
- 125 г путер (омекнат)
- 2 јајца
- 120 мл млеко
- 130 г брашно
- 25 г какао
- 15 г нескафе
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
- шеќер во прав (за декорација)
Instructions
1.Во сад ставете го шеќерот и исечкајте го путерот на мали парченца. Со миксер матете се додека не добиете фина кремаста смеса.
2.Потоа додавајте едно по едно јаце со постојано мешање.
3.Во меѓувреме во друг сад измешајте го млекото со кафетото и ванила екстрактот.
4.Во трет сад ставето го брашното, со какаото, прашокот за пециво и додадете прстофат сол.
5.Смесата со брашно додадете ја во смесата со путер, шеќер и јајца. Постојано мешајте, а потоа додадете го млекото со кафето и ванилата.
6.По неколку миниту ќе добиете еднолична кремаста смеса. Префлете ја долгнавесто плехче за печење леб обложено со хартија за печење.
7.Печете 40 минути во добро загреана рерна на 180 степени. Откако ќе се испече наросете малку шеќер во прав за декорација.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна