Палачника е права класика. Едноставно, брзо десертче кое нуди многу можности за поинакви вкусови. Денес ние решивме малку да експериментираме со основата. Направивме црна палачинка со фил од бело чоколадо и овошје. Преслатко 🙂
Црни палачинки
By July 19, 2012
Published:Палачника е права класика. Едноставно, брзо десертче кое нуди многу …
Ingredients
- 60 гр горка чоколада
- 3 јајца
- 2 лажички путер
- 45 гр шеќер
- 320 мл млеко
- 1/2 кесичка ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 150 гр брашно
- малку сол
- за филот
- 200 гр бело чоколадо
- 250 мл слатка павлака
- 50 гр шеќер во прав
- банана, киви, јагода (или било кое овошје по желба)
Instructions
- 1.На пареа растопете го путерот и чоколадото.
- 2.Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете го брашното, шеќерот, ванилиот шеќер, солта, млекото и какаото.
- 3.Матете се додека не добете фина смеса, без грутчиња.
- 4.Постопено додавајте го растопениот путер и чоколадото со постојано мешање.
- 5.Смесата оставете ја во фрижидер половина час, а непосредно пред печењото ставете ја неколку минути на собна температура.
- 6.Во тефлонско тавче направете палачинки. Во меѓувреме стопете го белото чоколадо и додадете го во изматената смеса од слатка павлака и шеќер во прав.
- 7.Секоја палачинка наполнете ја со оваа смеса, додадете парченца овошје по желба.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна