Феноменален сув двобоен колач кој често го нудам на моите пријателки како додаток со шолја кафе. Особено добро оди и во комбинација со чаша млеко или пак чај. Уживајте.
Црно бел венец
By August 7, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 55 mins
Феноменален сув двобоен колач кој често го нудам на моите пријателки …
Ingredients
- 200 г путер (омекнат)
- 200 г шеќер
- 3 јајца
- 300 г брашно
- 200 мл млеко
- ½ кесичка прашок за пециво
- малку екстракт од ванила
- 30 г какао во прав
- прстофат сол
Instructions
1.Во сад, со дрвена лажица, изматете го путерот заедно со шеќерот се додека не добиете фина и хомогена смеса.
2.Во смесата, додајте ги јајцата едно по едно, брашното заедно со прашокот за пециво и сол и екстрактот од ванила и додадете млекото. Добро измешајте. Во половина од смесата ставете какао во прав.
3.Калапот за печење намачкајте го со путер и набрашнете го. Ставајте по една лажица од црната и од белата смеса.
4.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 40 минути. Оставете малку да се олади и сервирајте го колачот.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна