Мали, слатки и декоративни залачиња кои ни ги испрати Лилјана Пројчева од Скопје.
Црно-бели колачиња
By November 12, 2012
Published:Мали, слатки и декоративни залачиња кои ни ги испрати Лилјана Пројчева од …
Ingredients
- 230 гр брашно тип 400
- 200 гр чоколадо за готвење
- 60 гр путер
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- малку сол (меѓу два прста)
- шеќер за валкање
- шеќер во прав за валкање
Instructions
- 1.Во здела за мешање се ставаат брашното, солта, прашокот за пециво, шеќерот, и омекнатиот (скоро растопен) путер.
- 2.Смесата добро се замешува, а потоа се додаваат јајцата, и смесата повторно се меша со миксер додека не се соединат добро сите состојки.
- 3.Потоа се додава растопеното чоколадо, се меша, и откако ќе се хомогенизира смесата се остава да стои најмалку три часа (а може и преку ноќ) во фрижидер.
- 4.Откако добро ќе се олади смесата, со раце се прават топчиња големи колку орев (внимавајте: рацете не смеат да се воденат).
- 5.Секое топче се валка убаво прво во кристал (обичен) шеќер, а потоа и во шеќер во прав. Топчињата треба добро да бидат извалкани во шеќер во прав (да бидат бели) и шеќерот не смее да се тресе од нив.
- 6.Се редат во тавче од рерна не многу залепени едно до друго бидејќи нараснуваат во текот на печењето.
- 7.Се печат во загрена рерна на 180 точно 9 минути (или малку помалку, во зависност од рерната). При печењето треба да се внимава бидејќи не смеат да се препечат.
- 8.Забелешка: од оваа доза на состојки излегуваат две тавчиња.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна