Уф! Само тоа можеме да го кажеме во врска со ова десертче. И во доверба: иако колачот е прекрасен во црвено издание некако дојдовме на идеја дека може да се искористи виолетова боја со боровници, или зелена боја со киви, или портокалова боја со праски, или …боже, колку ли само можности има!!! (Ако пробате некоја варијација на темава, ве моолииииме пратете ни една фотка :))

Црвен колач

By Гастронаутка Published: July 31, 2012

    Уф! Само тоа можеме да го кажеме во врска со ова десертче. И во доверба: …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го брашното со солта и оставете го настрана.
    2. 2.Во друг сад измешајте ги јајцата, јогуртот, ванилата и содата со жица за матење јајца. Кога смесата ќе се соедини додадете го оцетот и измешајте уште еднаш.
    3. 3.Во помало чинивче убаво измешајте ја црвената боја и какаото додека не добиете еднолична црвена смеса.
    4. 4.Со миксер убаво изматете го маргаринот со шеќерот, а потоа додавајте по малку од смесата со брашно и јајца наизменично (малку брашно, малку јајца додека не ги потрошите). Кога смесата ќе се изедначи додадете ја црвената боја и повторно измешајте убаво.
    5. 5.Распоредете ја смесата во тавче добро покриено (од сите страни) со хартија за печење или пак добро намачкајте го со путер, посипете го убаво со брашно и попрскајте со шеќер (за да не се залепи тестото). Печете го во загреана рерна околу 20 минути (пробајте с.о чепкалка дали е испечено).
    6. 6.Додека се пече тестото подгответе го филот. Путерот на собна температура (никако растопен) убаво изматете го со половина од шеќерот во прав. Кога добро ќе се измати, додавајте малку по малку млеко (со лажица) со постојано матење, а дури потоа постепено додавајте го остатокот од шеќерот во прав и матете. Ако ви се чини дека ви е тврда смесата и не можете да ја намачкате врз тестото, додадете уште малку млеко (додавајте со мали лажички) и матете добро пред да додадете уште. (Во зависност од желбата и големината на тавчето за печење, можно е да не ви стигне фил. Во таков случај направете уште малку).
    7. 7.Извадете го тестото од рерната, превртете го (дното да дојде одозгора) и почекајте убаво да се олади. Кога ќе биде ладно намачкајте го со филот и украсете го со цели малинки. Исечете го тестото на коцки, но внимавајте да го измиете или зибришете ножот пред сечење на наредната линија за да не ви остануваат црвени траги врз филот.