Време е за вкусна маџа, која можете едноставно самите да си ја приготвите. Нема потреба од помош од мама или баба. Со малку трпение и кулинарска вештина  ќе станете вистински експерт за домашна манџа.

Црвена супа со месо и компир

By Тетка Биберче Published: September 20, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 60 mins

Време е за вкусна маџа, која можете едноставно самите да си ја приготвите. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Кромидот, морковите и пиперките ситно исечкајте ги. Исечкајте ги и магданосот и листовите целер и во тава, на малку масло за готвење, продинстајте ги.
  2. 2.Месото исечкајте го на парченца и додајте го во тавата со зеленчукот за малку да се продинста. Додадете го и доматното пире.
  3. 3.Кога месото малку ќе се продинста, налејте вода до половината на садот, па зачинете со сол, црн пипер, лавор и други зачини по желба. Оставете ја чорбата да се вари во наредните 40 минути.
  4. 4.Кога месото е речиси сварено, во чорбата ставете ги компирите исечкани на коцки. Варете сé додека не биде сварен компирот.
  5. 5.Во друг сад подгответе запршка. Ставете малку маслото за готвење и додаде една лажица брашно, оставете го да се загрее и додајте половина лажица црвен пипер. Запршката додадете ја во супата и оставете ја уште кратко на оган.