Секогаш кога гледам филм или добра серија, а можеби и некој интересeн натпревар добивам желба да грицнам нешто. Затоа инспирирана од мојата потреба ви препорачувам една фина црвена, солена грицка која се топи во уста. Ви треба само уште пивце и фино друштвенце.
Црвени крекери со сирење
By December 22, 2012
Published:Секогаш кога гледам филм или добра серија, а можеби и некој интересeн …
Ingredients
- 125 гр брашно
- ½ лажичка црвен пипер
- 80 гр путер
- 125 гр кашкавал/сирење (изрендан/о)
- 1 јајце
- 2 лажици лимунов сок
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 210 степени. Плехот за готвење обложете го со хартија за печење.
- 2.Во поголем сад измешајте го брашното заедно со солта, пиперот и црвен пипер. Путерот исечкајте го на коцкици и ставете го во садот. Мешајте со миксер се додека не добиете еднолична смеса.
- 3.Ставете го изренданиот кашкавал или сирењето и повторно добро измиксирајте.
- 4.Во смесата додадете една жолчка и лимонов сок и мискајте се додека не добиете компактно тесто.
- 5.Тестото замотајте го фолија во и ставете го во фрижидер да одстои 20- тина минути.
- 6.Потоа исукајте го тестото што е можно потенко и со чаша или со модли за колачи направете ја посакуваната форма.
- 7.Секој крекер боцнете го повеќепати со виљушка за да тестото не набабри. Премачкајте ги со белка, а по желба можете да ги посипете со црвен пипер.
- 8.Печете десетина минути се додека не добијат златна кафена боја.
- 9.Со овие состојки излегуваат од прилика 25 крекери.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна