Ретки се оние работи кои на нашиот македонски желудник му одговараат повеќе од добро подготвено и сочно парче месо. Единственото нешто што може да се попречи помеѓу човекот и неговото уживање во месото е негативниот ефект кој може да го има претераната конзумација на лошо избрано парче месо, но за тоа ќе пишуваме во некоја друга прилика.

Сепак, ова не значи дека треба да се откажете од црвеното месо кое  е богато се протеини кои се особено важни за растот и развојот на мускулите во организмот. Исто така, црвеното месо изобилува со железо и витамин Б12 кој го зајакнува имунолошкиот систем и ги одржува здрави црвените крвни садови.

Во продолжение ви донесуваме листа на здраво црвено месо, односно месо кое е секогаш прикладно за вашата чинија и кое можете со сласт да го изедете било дома, било во ресторан и да немате премногу грижа на совеста дека сте направиле нешто што е лошо за вас.

Добро црвено месо

  • Говедска лопатка, месо од горниот дел на бутот. Ова е немасно месо кое содржи 206 калории, 5,4 г масти и 39 г протеини на 100 г месо. Препорачаната дневна количина е 170 г.
  • Говедски бут, парче месо исечено од кукот. Ова месо е помеко и повкусно од остатокот од бутот. Содржи 240 калории, 7,6 г масти и 36,9 г протеини на 100 г месо.
  • Средишниот дел на говедскиот бут, месо кое е слично на лопатката, но е малку пожилаво и помалку сочно. Содржи 276 калории, 7 г масти и 49,8 г протеини на 100 г месо.
  • Долниот дел на говедскиот бут кој е отсечен од надворешната страна која е помускулеста, па затоа месото е пожилаво, па се препорачува пред употреба да се маринира. Содржи 300 калории, 11 г масти и 47,2 г протеини.
  • Горниот дел од говедска лопатка. Има добар вкус, но може да биде жилаво, па исто така се препорачува пред употреба да се маринира. Содржи 316 калории, 10,6 г масти и 51,6 г протеини на 100 г месо.