Пробајте ја оваа варијанта на коктелот со лубеница, но со дополнително зелено освежување од свежа краставица. Вкусноооооо!
Црвено-зелено освежување
By July 25, 2013
Published:Пробајте ја оваа варијанта на коктелот со лубеница, но со дополнително …
Ingredients
- 150 мл вотка
- 35 мл ликер од портокал
- 35 мл исцеден сок од лимета (или лимон)
- 300 гр лубеница
- 150 гр свежа краставица
- 2-3 ливчиња од свежо нане
Instructions
- 1.Во блендер ставете ги лубеницата и краставицата исечкани на парчиња, додадете го нането и мешајте додека не се добие густ сок.
- 2.Процедете го сокот низ цедалка за да не остануваат цврсти парчиња, а потоа додадете ги вотката, ликерот од портокал или свежо исцедениот сок од лимета или лимон.
- 3.Измешајте добро, а потоа оладете го пијалокот и послужете го во ниски чаши декорирани со парчиња лубеница и краставица (може да го послужите и со лед).