Чубрика или Satureja montana е зачин кој наоѓа широка примена во кулинарството. Таа е тревното растение кое најдобро успева во топлите и регионите со умерена клима. Татковина му се областите на Медитеранот и Блискиот Исток. Растението има низок раст во облик на ниски билки  и подгрмушки, со висина од 15–50 см. Листовите се долги 1-3 см. Цветовите се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.

Чубриkата можете да ја насадите во двор, а најдобро ќе успее во сувите и сончевите делови на градината. Постојат околу 30 видови чубрика  од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.

Употребата на оваа билка е позната уште во стар Рим, а се користела во народната медицина и во исхраната. Тогаш се сметало дека има афродизијачко дејство и се нарекувала љубовна билка.

Таа содржи етерично масло, јагленохидрати, целулоза, минерални материи,  белковини. Свежите листови имаат витамин Ц и каротин. Овој зачин најчесто се употребува сув, но и свежиот е подеднакво добар, од кој се препорачува да направите чај.

Освен како зачин, кој на храната и дава пикантен и богат вкус, чубриката се користи и како лековито средство. Таа се корисна за лекување на гастроинтестинални заболувања, бидејќи го стимулира и засилува лачењето на желудочниот сок и го редуцира создавањето на гасови во цревата. Таа има антисептично и диуретично дејство. Позната е како аналгетик и како закрепнувачко средство.

Многу често се користи кога имате проблеми со повраќање, а помага и при срцеви болести. Народната медицина го препорачува за луѓе со висок крвен притисок, главоболка, вртоглавица. Бидејќи ја стимулираат активноста на желудникот и цревата, со неа се зачинува тешко сварлива храна како грав, леќа, грашок, месо, зелка, компир.

ЧубрикаЧубриката има карактеристичен, ароматичен мирис, а по вкус потсетува на мајоранот и мајчината душица. Бидејќи е пикантен овој зачин најчесто се користи како замена за црн пипер. Одлично оди во комбинација со јадења со грав бидејќи ја намалува надуеноста.

Исто така се препорачува како зачин при подготовка на гулаш, јадења со помасни меса, но и за подготовка на супи, пржени компири, салати со компири, грав, а свежите листови ситно насечкани одлично одат со салати со крставици, домати и печурки.