Иако сакам да ги користам разно-разните сецка и рендиња за брзо сечкање на зеленчук, понекогаш едноставно ми е послатко сечкањето да го направам на рака, како што велат. Некако тоа ми причинува задоволство иако често се нервирам што никако не можам да ја постигнам брзината и вештината на професионалните шефови што ги гледам на телевизија. И така, фрустрација по фрустрација – хаос!

Арно ама, со користењето на овој чувар за прсти, сечкањето не само што е едноставно и брзо, туку и задоволството е поголемо. Така си сечкате без многу да му ја мислите, а резултатот е совршен секогаш. И што е упте поважно, нема фластери по рацете, крв, и (не дај боже) потсечени нокти! Па само за тоа, ако за ништо друго, вреди да се набави една ваква справичка, нели? :). Инаку, можете да си го нарачате овде!