Не е дека сум опседната со учење како правилно се сечка. Не е дека си купив специјални ножеви, нова даска и потрошив 2 килограми кромид и 2 килограми моркови …. онака. И не е дека изгледав еден куп видеа на YouTube за правилно сечкање!

Е, сето тоа помина фантастично, ама никако не научив да ги држам прстите како и каде што треба за да не морам секогаш да излегувам од кујната со нов фластер (ви кажав ли дека сега си ги чувам фластерите во првата фиока во кујната, каде што ми се најмногу при рака?). И после толку мака, а морам да признаам и крв, дознавам дека воопшто не сум ни морала да се мачам!?! Па каде ми беше компјутерот до сега?

Чини околу 10 долари, а можете да го набавите овде!