Ако за некој зеленчук може да се каже дека е потценет и не се користи доволно во секојдневната исхрана тоа слободно може да се каже за цвеклото. Иако важи за еден од најздравите зеленчуци богат со многу витамини и минерали, мал е бројот на оние гурмани кои го користат во исхраната. Доволно е да се запрашате кога последен пат сте јаделе цвекло и ќе се уверите и самите во вој наш став. Можеби токму овој наш текст ќе ве мотивира да си купите свежо цвекло, кое е препознатливо по својата црвена боја и да си направите домашна салата.

Цвеклото е идеално за детоксификација на организмот бидејќи ја потикнува работата на јетрата, лесно се вари и ја подобрува пробавата. Во 100 грама цвекло има само 36 калории. Ниско калоричен зеленчук со чија помош ќе го подобрите вашиот имунитет и ќе се справите со анемијата. Богат е со антиоксиданси и минерали како калиум, фосфор, калциум, магнезиум, манган, железо, бакар, селен, јод.

Содржи и витамини од Б групата од која најмногу се истакнува фолната киселина и витаминот Ц. Благодарение на црвените билни пигменти (од таму ја добива и црвената боја) како бетаинот и бетанинот, со секојдневна конзумирање на цвеклото можете да го регулирате покачениот крвен притисок.Сок од цвекло

Ако не можете секогаш да најдете свежо цвекло, секогаш на располагање имате конзервирано цвекло во тегла. Иако самиот процес на конзервирање црпи дел од хранливите материи, сепак и вака спакувано овој зеленчук е доволен извор на минерали и витамини.

Што се донесува до идеите што да подготвите со цвекло, Мигусто ви предлага свежа салата со изрендано цвекло (или салата од тегла), која одлично оди во комбинација со многу јадења од месо. Како додаток на салата одозгора наросете малку пармезан и ќе се изненадите од вкусот. Втор наш прелог е свеж сок од цвекло. Купете неколку главички цвекло исечкајте ги на парченца ставете ги во блендер и ќе добиете полна чаша здравје. Нутриционистите предлагаат по 500 мл сок од цвекло за спортисти, бидејќи нитратите ја зголемуваат издржливоста на мускулите при зголемена физичка активност.