Сите досега извршени испитувања покажуваат дека жителите на приморските места имаат многу помал проблем со вишок на килограми отколку жителите на континенталните земји. Зошто е тоа така?

Одговорот лежи во храната, секако, бидејќи овие луѓе често користат морски плодови во својата исхрана. Рибите, рибините масла, школките, раковите, алгите, па и морската сол, имаат повеќекратна вредност за човековиот организам.

Рибата, на пример, ги содржи сите потребни амино киселини како и другите видови на месо, но се разликува од нив по тоа што не содржи заситени масни киселини кои се штетни по здравјето на човекот. Една од наздравите состојки во рибата се Омега-3 масните киселини. Овие киселини во себе содржат линолна киселина, еикозапентаенска киселина и докозахесаенска киселина, односно трите најважни форми на киселини кои му се потребни на човекот. Овие киселини се екстремно важни во борбата против астмата, артритисот, срцевите заболувања, мозочни удари и многу други заболувања.

Голем број на луѓе кои не ја сакаат рибата, велат дека причина за тоа е рибиното масло, кое навистина има малку непријатен мирис. Овој мирис повеќе ги одбива луѓето отколку што ги привлекува, но пред комплетно да го исфрлите рибиното масло од употреба поради мирисот, земете предвид дека ова масло е многу корисно и е познато како заштитник од голем број на болести, меѓу кои и артритисот, склерозата, болести на крвните садови и многу други.

Покрај рибата и рибиното масло, многу здрави за човечкиот организам се и раковите и школките. Овие два вида на морски плодови некогаш беа сметани за луксузни и можеа да се најдат само на менијата на хотелите и рестораните од највисока класа. За среќа, денес ситуацијата е поинаква, па раковите и школките се достапни скоро за сите. Нивната вредност доаѓа од изобилството на минерали кои многу позитивно делуваат на човековето здравје, а освен тоа, се подготвуваат релативно брзо и лесно, и имаат одличен вкус.

Алгите имале уште потежок пат до нашите трпези, иако се познати и редовно биле користени во исхраната во земјите од Азија (особено Јапонија) уште од стари времиња. Интересот за користење на алгите во исхраната во останатите кујни се зголемил откако едно истражување на врската помеѓу здравјето и алгите кај Јапонците покажало дека тие многу помалку заболуваат од рак во споредба со другите нации, и дека тоа се должи токму на фактот што често конзумираат алги.

Морската сол е исто така многу здрава. Таа во себе содржи еднакво количество на натриум и калиум, додека обичната сол за готвење има само чист натриум.

Значи, важно е и многу е здраво редовно да се користат морските плодови во исхраната. Експертите велат дека ваквата храна треба да ја имате на вашите трпези најмалку два пати во неделата.