Ако сендвили направени од кркави багети ви се неизбежна закуска на секое собирање, забава или роденден, тогаш сигурно најголемиот проблем во подготовката на овие сендвичи ви е сечењето на лепчето. Јас барем знам како тоа изгледа, ако ми верувате. Те ми избегал багетот на едната страна, те на другата. Те ножот ми отишол малку полево, па подесно и добивам криви лепчиња, едното подебело, другото потенко и ми се случуваатуште триста други глупости. И само заради тоа што мојот верен пријател Марфи, со кој се дружам уште од градинка, решил да не ми дозволи да направам една асолна чинија со сендвичи.

Арно ама, драги мои пријатели, па дури и ти Марфи, да знаете дека веќе нема да имам такви проблеми. Погледнете ја само оваа специјална даска за сечење на багети. Не само што лепчето не мрда и не шета на сите страни, туку и сите кришки се со иста дебелина, па можеш убаво да си ги наредиш во чинија. Леле, лудница. И само да ви кажам, ја најдов на неколку места со различни цени, па ако се решите да си ја набавите, внимавајте. Јас ви предлагам да пробате тука, ама слободно посурфајте и повеќе. Важно е само да си ја набавите за да можете од утре и вие како луѓе да си правите сендвичи од свеж и крцкав багет!