Две работи се од исклучително значење кога станува збор за сечење на леб, а тоа се ножот и даската за сечење. Самиот по себе, ножот е толку важен што без сомнение заслужува своја сопствена приказна. Но, тоа важи и за даската. И дека не сум само јас единствената која мисли така докажува и оваа посебна изведба на специјалната даска за сечење на леб.

Изгледа апсолутно исто како и обична даска за сечење на леб со исклучок на пластичната обвивка која е монтирана на едниот крај, а чија цел е – да ги задржува трошките внатре! Токму така, лебот се мести за сечење во опкружениот дел, а ножот се вметнува меѓу тенките процепи на пластиката, односно вие си го сечете лебот нормално, ама ниту една трошка не ви лета и паѓа од страна. Лелееее, педантерија!

Еве го линкот за набавка на овој прекрасен и чист изум кој чини нешто помалку од 20 долари.