Иако изгледа дека не е баш едноставен за правење, овој десерт ќе ве изненади сигурни. Пробајте задолжително, фантастичен е!
Десерт со бадеми и овошје
By June 21, 2013
Published:Иако изгледа дека не е баш едноставен за правење, овој десерт ќе ве …
Ingredients
- 150 г излупени бадеми (малку запечени на тавче без масло и грубо исечкани)
- 275 г шеќер во прав
- 7 белки (+ уште една)
- 1/2 ќесичка ванилин шеќер
- 200 мл слатка павлака (изматена не многу цврсто)
- 60 г печени бадеми исечкани на тенки ливчиња
- 3 праски (излупени и пресечени на 8 кришки секоја)
- 30 г путер
- 20 цреши
- 125 мл бело вино
Instructions
- 1.Ставете ги бадемите со 55 г шеќер во прав во блендер и мешајте додека бадемите не се сомелат. Со миксер изматете ги 7-те белки заедно со 55 г шеќер во прав и со ванилиниот шеќер. Кога ќе се направи убаво шне, внимателно измешајте го со измелените бадеми.
- 2.Ставете 6 метални округли модли (без дно) на тавче со хартија за печење и распоредете ја добиената смеса, или пак ставете ја во обични модли за колачи и смрзнете ги преку ноќ.
- 3.Загрејте ја рерната на 180 степени. Во подлабок сад ставете ги бадемите исечкани на ливчиња, 55 г шеќер во прав и последната белка и измешајте, а потоа ставете ги на тавче со хратија и ставете ги да се печат.
- 4.Печете ги околу 20 минути или додека не добијат златеста боја, со мешање на секои 5 минути. Извадете ги и оставете ги да се оладат.
- 5.Исечените праски ставете ги во подлабок сад заедно со преостанатиот шеќер во прав (110 г). Добро измешајте, а потоа загрејте го путерот во тавче и пржете ја секоја праска од двете страни додека не се карамелизира. Потоа додадете ги црешите пресечени на половина и виното. Оставете го тавчето на оган додека сосот малку не се згусне, а потоа тргнете го и оставете да се олади.
- 6.За послужување, завиткајте топла крпа околу секоја модла и извадете го шнето со бадеми на чинија за сервирање. Одозгора и од страна истурете со овошната смеса и на крајот испрскајте со испечените бадеми.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна