Како од обични јаболка да направите екстра десерт. Еве еден таков рецепт. Карамелизирајте ги јаболката, додадете искршени кекси и сето ова прелијте ги со слатка павлака. Супер, нели!
Десерт со карамелизирани јаболка
By November 5, 2015
Published:Како од обични јаболка да направите екстра десерт. Еве еден таков рецепт. …
Ingredients
- 4 јаболка
- 40 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 лажици лимонов сок
- малку цимет
- 70 г кекси (по желба)
- 100 мл слатка павлака
Instructions
- 1.Јаболката излупете ги, исечкајте ги на парченца. Ставете ги во тавче на тивок оган со шеќерот и лимоновиот сок. Додате ванилин шеќер и малку цимет.
- 2.Карамелизирајте ги 10 минути, односно додека не добијат убава карамел боја и добро не омекнат.
- 3.Кексите убаво издробете ги. Можете рачно или ставете ги во блендер.
- 4.Во чаша ставете еден слој од карамелизирани јабока. Потоа додате од кексите. Одозгора прелијте со слатка павлака.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна