Ако не ви се станува од компјутер, па дури ни за јадење, тогаш BrainWave е машинче за вас. Се работи за десктоп микробранова печка која е поврзана со компјутер преку специјална апликација. Микробрановата печка доаѓа заедно со посебна пластична вилушка која може да го прочита кодот на специјално спакуваните готови јадења и да ги испрати информациитедо печката. Потоа печката автоматски го подесува времето за затоплување.

Иако ова машинче заедно со подготвените јадења не може да се купи кај нас, сепак можеме да го гледаме и да си го замислуваме денот кога на работа наместо принтерот ќе си ја вклучите печката и ќе можете да си се почестите со топли лазањи или шпагетки наместо со ладен сендвич.