Сите им се радуваме на Велигденските празници, но секако дечињата најмногу…Да ги израдуваме со необична кочничка за јајцето кое ќе им го подариме.

Потребен материјал:

  • 1 пластична чаша (од јогурт, пудинг и сл.)
  • 1 лист од  кујнска хартија или бела мека ткаенина
  • мало парче тенок бел хамер, малку бела хартија
  • украсна цик-цак лента,
  • дезенирана ткаенина,
  • слама,
  • лепак,
  • црн фломастер
1. Пластичната чаша обложете ја со бела хартија(користев лист од кујнски бришачи за раце превиткан дупло) или бела ткаенина и залепете со лепак.Од белиот картон исечете лентичка која ќе има улога на рачка, преку неа залепете украсна лентичка или цик-цак лентичка, двата краја премачкајте ги со лепак,па залепете ја рачката од внатрешната страна на чашата.
2. Од белиот картон искројте 2 елипсести форми за очи и исцртајте им зеници со фломастерот. Од дезенираната ткаенина исечете срценце за носот  и лентичка за пеперутка машничката за „машкото“  и машничка за коса на „женското“ зајаче.  Залепете ги очите на обложената пластична чаша, со фломастер исцртајте уста, залапете ги парченцата од цик-цак лентички како мустачиња, а во средината залапете го срценцето за нос. Од белата хартија исечете 2 елипсести форми за уши, во долниот дел малку засечете ги, залепете ги малку преклопени во средината, па секое уво залепете го од внатрешната страна на чашката.
3. Чашата наполнете ја со малку природна или вештачка слама, додајте го јајцето за подарок и тоа е с`е.
НАПОМЕНА: јајцето е малку претешко за нежната рачка на оваа кошничка, затоа препорачувам да се држи одоздола.
За повеќе фотографии, кликнете на галеријата подолу!
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]