Бидејќи живееме во дигитална ера, само прашање на време е кога кујните ќе почнеме да ги користиме само со кликнување на тастатура или глувче. Во меѓувреме, додека чекаме тој сон да стане реалност, мораме да се снаоѓаме со разно-разни ситници кои го дигитализираат готвењето. Една од таквите справички е секако и печатачот за украси за торти.

Наместо да се плеткате со шприцови, сечачи за форми и слични помагала, само изберете што сакате да ставите на тортата или колачињата, стиснете копче и ќе ги добиете формите за украсување готови. Се што треба да направите потоа е да ги одлепите од подлогата на која се печатат и да ги сместите на саканото место. Инаку, печатачот за украси печати на смеса од шеќер во прав, тесто за колачи, чоколадо за моделирање и други меки смеси.

Не ви е потребен компјутер за да го користите печатачот, само си ги избирате буквите и формите кои ги сакате директно од апаратот. Заедно со него доаѓа и ДВД со инструкции, брз водич за работа, и упатство за чистење. За  само 400 долари, отсега ќе можете да креирате чуда во сопствената кујна и ќе декорирате подобро од било кој професионален слаткар. Печатачот за декорации инаку можете да го најдете овде!

декорација на торти