Необичен, но бескрајно вкусен спој. Јакиот вкус на пршутата во совршен баланс со освежувачкиот на дињата. Идеално предјадење за овие пеколни температури. Италијаните уживаат во овој деликатес со секоја прилика. Одличен за доручек или како предјадење за свечена, гала вечера. Се што ви треба за овој рецепт е добро парче диња и фино, тенко исечкана квалитетна пршута. Уживајте :)