Оваа манџа е една од најомилените во нашиот дом, а супер излегува и со пилешко и со телешко месо. Оваа варијанта со Фант ја направивме за првпат и бевме многу задоволни како излезе. Пробајте и вие!
Динстано свинско
By June 6, 2013
Published:Оваа манџа е една од најомилените во нашиот дом, а супер излегува и со …
Ingredients
- 400 г свинско каре
- 2-3 моркови
- 1 ќесичка ФАНТ за гулаш и паприкаш
- 1 лута пиперка
- 1 домат
- 300 г шампињони
- 500 мл вода
- 250 мл бело вино
Instructions
- 1.Месото исечете го на помали парчиња, морковите на тркалца, а пиперката и доматот на ситни коцки.
- 2.Ставете го месото да се пржи директно во тенџере, а откако ќе ја смени бојата, додајте ги морковите, доматот, пиперката и шампињоните и оставете да се пржи уште 5-6 минути.
- 3.Додајте го виното и водата, може и помалку од 500 мл, поклопете го тенџерето и оставете го да се динста барем 1 час.
- 4.Кога месото ќе омекне, растворете го Фантот според упатството на ќесичката и додајте го во манџата. Оставете се да зоврие, па тргнете го од шпорет. За гарнир можете да употребите варен ориз или мешан обарен зеленчук.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна