Витамините и минералите кои ги има во здравите намирници му помагаат на телото да се бори против болести, го зајакнуваат имунитетот и ја одржуваат севкупната форма на организмот, но ако се комбинираат на вистински начин тие можат повеќекратно да го подобрат нашето здравје. Интеракцијата на состојките во храната и нивната апсорпција од страна на организмот се нарекува биолошка достапност.

Овој термин се однесува на количината на хранливи состојки кои телото ги апсорбира, а потоа и ги користи. Интеракцијата помеѓу различните вакви состојки може да ја зголеми или намали способноста на телото да ги користи конзумираните минерали и витамини.

Во некои случаи, овие состојки многу тешко се апсорбираат, а таков е случајот со калциумот и железото кои се наоѓаат во своевиден антагонистички однос, односно нивната меѓусебна релација го спечува организмот да ги користи. Поради тоа, храната богата со калциум и железо никако не оди заедно. Ова значи дека нема поента да му дадете на своето дете оброк богат со зеленчук, а потоа да го натерате да испие чаша млеко или јогурт.

Од друга страна, некои комбинации можат да ја подобрат апсорпцијата на минералите и витамините. Одличен пример за тоа е комбинацијата од црвено месо и портокал. Витаминот Ц од портокалот му помага на организмот подобро да го асимилира железото од месото.

Добри комбинации

Ако знаете кои намирници се согласуваат една со друга можете и тоа како да ја поправите здравствената слика на вашиот организам. Вакви комбинации (кои ја зголемуваат апсорпцијата се:

  • Витамин Ц (портокали, лимони, цреши, домати) и железо (месо, зеленчук со зелена боја, мешункасти плодови).
  • Фруктоза (шеќер од овошје) и железо.
  • Лактоза (шеќер од млечни производи) и калциум (млеко, безмасно месо, житарици).
  • Витамините А и Д (костен, морков, тиква, манго, спанаќ) и масните киселини од храната.

Избегнувајте мешање на:

  • Храната богата со цинк (месо, јогурт, банани, брокула, морски плодови), железо и калциум не треба да се меша со намирници кои содржат фосфати (производи од млеко и соја, јајца, пченица, кикирики).
  • Сојата не треба да се меша со намирници кои се богати со бакар, железо и цинк (морски плодови, риба, џигер, пилешко месо).
  • Танините (поллифеноли кои се среќаваат во чаевите, грозјето и вината) и минералната вода не треба да се мешаат со храна која содржи белковини, железо, цинк и бакар (морски плодови, џигер, јаткасти плодови – ореви, бадеми, лешници и сливи).
  • Јајцата не одговараат со храна која е богата со железо (зеленчук со зелени листови).
  • Храната која содржи  оксалати (чоколадо) со намирници кои се богати со железо, цинк и бакар.