Не дека мене ми се случува, ама забележувам дека овие моиве по дома често ги мрзи да си земат чаша за да се напијат вода, па пијат онака, од рака. Ги разбирам апсолутно де, бидејќи за да земеш чаша треба да отвориш вратичка, па да испружиш рака, па да ја земеш, па да ја ставиш под славина, па да ја принесеш до уста, значи едно 4 чекори повеќе кои треба да ги направиш во споредба со обично наведнување и пиење со рака. А да не правиме муабет ако случајно нема ниедна чиста чаша во плакарчето, па треба да се копа по (чистата) машина за садови за да се извади една.

Затоа, бидејќи многу си ги сакам луѓево што ми се шеткаат по дома, и бидејќи ми е навистина тешко кога ги гледам како се мачат, решив да им ја олеснам работата. Си набавив еден ваков додадок за кујнска славина (од овде), па сега кога ќе им се припие вода треба само да притиснат и да се напијат. А не мораат после дури ни да бараат крпа за бришење на раце и/или уста!