Повеќе нема потреба да одите во супермакет за да ги купите основните производи кои ви требаат. Благодарение на он лајн сервисот на Скопски Пазар може да купувате од удобноста на вашиот дом. Едноставно, брзо и практично. Изберете се она што ви треба и во текот на денот тие ќе стигнат на вашата адреса. Тимот на Мигусто често ја користи оваа услугаи сме многу задоволни и затоа одличуваме да поразговараме со Оливер Стојчевски од серивот Дома.мк и да ви ги преставиме и можности кои ги нуди првиот интеренет супермакет во Македонија.

Дома мк. функционира од 2008 година. Стартуваше во период кога онлајн купувањето се уште не беше доволно атрактивно, но се чини дека како што поминуваат годините добивате се повеќе корисници. Колку вие сте задоволни од досегашната работата на вашиот интернет супермаркет?
Генерално сме задоволни , секојдневно имаме нови корисници на сајтот,а со тоа и обртот постојано се зголемува, меѓутоа се уште има простор за раст и унапредување на работата.

За оние што не се доволно упатени на кој начин работи дома.мк кои се најважните аргументи за зошто треба да ја испробаат оваа услуга и да се уверат во бенефитите кои ги нуди?
Колку и да изгледа чудно на почеток, сепак купувањето преку дома.мк го штеди вашиот буџет бидејќи кога правите нарачка од дома точно знаете кои намирници ви фалат (ги одбегнувате оние неизбежни непотребни купувања). Во секој момент знаете колкава ви е сметката, го трошите вашето слободно време на други работи а не на купување. Стоката ви се доставува на куќен праг, значи не носите тешки кеси и пакети до дома. Никогаш нема гужва на каса и секогаш се трудиме најсвежата и најквалитетната роба да ја избереме за вас. Голема придобивка е и можноста за испорака на различни адреси во градот. Што значи испорачуваме и подароци за други лица, луѓе од странство што сакаат да испорачаат одредена нарачка до некое лице во Скопје е исто така можност што голем број наши иселеници ја користат.

Колку изнесува минималната порачка, колку чини испораката и за колку време корисникот може да ги очекува производите во неговиот дом?
Минимална нарачка е 500 ден, испораката чини 80 ден од нарачка. Цените се идентични како во нашите маркети. Испораката е поделена во 6 слота од по 1 час и тоа три се претпладне, а три попладне. Пример, доколку саката нарачката да се испорача во слотот од 12>00 до 13>00, нарачката треба да биде затворена најдоцна до 09 часот истиот ден. Однапред нарачки можат да се прават до една недела однапред.

Многумина се уште се скептични за плаќање преку интернет, сметаат дека е небезбедно, па затоа дали можете да објасните на која начин купувачот може да ги плати производите кои ги порачал?
Системот на плаќања со кредитна картичка преку интернет се одвива преку Комерцијална Банка и функционира одлично без никакви проблеми. Доколку купувачот се одлучи за ваков начин на плаќање самиот систем го води низ сите потребни чекори и е апсолутно безбеден. Покрај овој начин на плаќање постојат и неколку други начини кои нашите потрошувачи во пракса најчесто ги користат. Плаќање во готово при достава, плаќање со кредитна картичка при достава, плаќање на фактура (за правни лица).

Дали имате информации што најчесто се порачува, дали станува збор за поголеми количини и во зависност од потребите на купувачите, тоа може да биде и помала и специфична порачка, како на пример сечкани сувомеснати производи?
На сајтот има понуда од над 10.000 активни производи , всушност целиот асортиман од еден СП Маркет е ставен он лајн. Токму сечканите сувомесни производи заедно со свежото овошје и зеленчук и млечните производи се меѓу најпродаваните производи на сајтот. Секоја нарачка што е над 500 ден сме должни да ја испорачаме без разлика дали се работи за 1 книга или пак цела палета сокови на пример. Правните лица најчесто нарачуваат средства за хигиена и за репрезентација, а физичките лица нарачуваат буквално се. Преку дома мк имаме продажба и на цвеќиња, бела техника, компутерска галантерија, книги, дневни весници и списанија од поспецифичните категории и што уште не.

Интересна новина е можноста и за порачки на готови јадења од Топлотеката на СП маркет. Дали тоа значи дека наскоро може да очекуваме и други новитети, специјални промоции и акции поврзани со Дома.мк?
Топлотеката е една од категориите со најголем и постојан раст на сајтот. Готвената храна се подготвува во специјална подружница од ресторанот 14 и се подготвува по највисоки стандарди. Од почеток изгледа малку чудно да се нарачува готово јадење он лајн меѓутоа кога еднаш ќе се стекне довербата потоа е се полесно. Во досегашниот период најмногу акции имаше на промоција на зелената програма (овошје и зеленчук), а од оваа година започнуваме и со многу други маркетинг активности. Моментално во тек е купон плус акцијата за тавите Металац, каде со собирање на купони се добива можност за купување на тава Металац со 50 % попуст.

Услугите на вашиот он лајн маркет засега може да се користат само на територијата на град Скопје, па дали наскоро планирате проширување и во останатите поголеми градови?

За жал во некоја блиска иднина не се планира ширење на дома.мк надвор од Скопје
Топлотека