Како што е редот и за да останеме доследни на традицијата, редакциски се организиравме да направиме нова доза ајвар. За подоготовка на ајвар има многу рецепти, a овој е нашиот. Слободно испратете ни ваш рецепт и фотографии. И да, дали сте знаеле дека зборот ајвар потекнува од турскиот збор „havyar“ што значи  „солена икра“.

Ајвар

By Тетка Биберче Published: September 29, 2012

  • Prep: 2 hrs 0 min
  • Cook: 2 hrs 0 min
  • Ready In: 4 hrs 0 min

Како што е редот и за да останеме доследни на традицијата, редакциски се …

Ingredients

Instructions

  1. Бришење1.Пиперките со крпа ги бришеме.
  2. Печење на пиперките2.Ги печеме пиперките, со често вртење на страните и се додека кожата не распука.
  3. Затворени во кеса3.Пиперките ги оставаме во кеса да се спурат и омекнат.
  4. Лупење и чистење на пиперките4.Ги лупиме и чистиме и им ги отстрануваме рачките.
  5. 5.Ги оставаме на цедалка за добро да се исцедат.
  6. Печење во рерна на модарито патлиџан6.Во меѓувреме, модриот излупен патлиџан го печеме во рерна.
  7. Мелење на модриот патлиџан и пиперките7.Во машина за мелење месо ги мелеме пиперките и модриот патлиџан.
  8. Пржење на ајварот8.Во голем сад за готвење, ги ставаме измелените пиперки и патлиџан, додаваме доматно пире и пржиме се додека пиперката не стане полу сува (околу час и половина). Притоа КОНСТАНТНО МЕШАМЕ.
  9. Додавање на масло и сол9.Накрај, постепено мешајќи ставаме масло за готвење и сол. Пржиме уште околу 15 минути, притоа внимавајќи да не исплива маслото на површина (Ако тоа се случи, само додадете пола чаша врела вода).
  10. Ајвар префрлен во тегли10.Теглите ги загреваме во рерна околу 10 минути на 100 степени, а капачињата ги вриеме во вода и добро ги сушиме. Готовиот ајвар го префрламе во топлите тегли и го складираме.